Рикардо признава дека Ред Бул не може да парира на Ферари и на Мерцедес

0

Тимот на Ред Бул не е на нивото на Ферари и Мерцедес кои се главни фаворити за титулата во 2017 година, изјави пилотот на австрискиот тим, Даниел Рикардо, веднаш по финалето на претсезонските подготовки на патеката „Каталонија“ покрај Барселона.

Шампионатот стартува на 26 март со ГН на Австралија а според Рикардо, неговиот тим заостанува со брзината прикажана од новите болиди на “сребрената стрела” и на Скудерија, кои засега најдобро ги користат  промените во правилата.

„ Вистината е дека во моментов не сме на нивото на Ферари и на Мерцедес. Првите покажаа убиствено темпо со сите типови на гуми и сериозна издржливост на новиот болид. За шампиони нема што да зборуваме. На сите ни е јасно дека тие повторно се фаворити, но, сега и црвените болиди ќе бидат во игра “, искоментира Рикардо.

Share.

Leave A Reply