Ристевски не ја заврши велеслаломската трка

0

Македонскиот скијач Антонио Ристевски не успеа да ја заврши денешната велеслаломска трка на ЗОИ во Пјонгчанг. Тој уште на првата трка направи грешка и не успеа да стигне на целта, со што остана без пласман во ова натпреварување.

Македонскиот олимпиец ќе се обиде да ја поправи грешката во натпреварот во слалом кој е на програмата во четврток. Тој и пред заминувањето за Ј. Кореја истакна дека својот фокус на оваа Олимпијада ќе го има на слаломската трка каде има многу подобри резултати оваа година.

Инаку, златото во велеслалом му припадна на неверојатниот Марсел Хиршер кој имаше време од 2:18.04, додека сребрениот медал замина на градите на Норвежанецот Хенрик Кристоферсен, а трет на целта мина Алексис Пинтуро од Франција.

Share.

Leave A Reply