Ристевски: Очекувам добар настап на ЗОИ во Пјонгчанг

0

Македонската олимписка експедиција ги прави последните подготовки пред заминувањето за Пјонгчанг за ЗОИ кои ќе се одржат од 9 до 25 февруари.

Нашите натпреварувачи ќе настапат во алпски и нордиски дисциплини, а еден од оние кои веќе имаат искуство е Антонио Ристевски кој по трет пат ќе биде дел од најголемиот спортски настан во зимските спортови. Ристевски е натпреварувач кој со А норма ќе настапи на овие ЗОИ, а за овој настап се подготвуваше веќе подолг период.

„Еден скијач своите подготовки за настап на вакво натпреварување ги започнува уште со завршувањето на претходните ЗОИ, јас за овааОлимпијада се подготвувам од мај кога тренирав на глечер во Австрија, а потоа се подготвувавме на патеките во Австрија, Италија и Словенија. Со настапите кои ги имав од почетокот на сезоната ја темпирав формата за да имам најдобар настап токму на ЗОИ во Пјонгчанг и се надевам дека тоа и ќе се случи. Јас исполнив А норма во слалом и очекувам подобар пласман во оваа дисциплина, но секако ќе се обидам да поминам добро и во велеслалом. Скијањето е таков спорт што ризикот е голем, секоја трка е посебна сама за себе, можете да ја завршите, а можете и да не стигнете до целта, шансите се 50-50, сепак од овој настап очекувам да бидам меѓу најдобтите 30, но сепак ќе видиме како ќе биде“ истакна Антонио Ристевски во интервјуто низ програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

Нашиот натпреварувач ќе настапи на слаломската и велеслаломската трка на ЗОИ во Пјонгчанг, а освен Ристевски Македоонија на оваа Олимпјада ќе ја преставуваат и Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма) како и Викторија Тодоровска – крос кантри / дисциплина 10 км. Македонската олимписка делегација заминува за Пјонгчанг на 7 февруари

Share.

Leave A Reply