Ристовски: Главата доле и сите на работа!

0

Македонската фудбалска репрезентација синоќа претрпе тежок пораз во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП. Австрија си замина со победа од 4:1, а по мечот, ретко кој од нашите репрезентативци сакаа да зборуваат за мечот. Меѓу оние кои собраа сила да проговорат за она што се случуваше на теренот беше десниот бек Стефан Ристовски.

„Можам само да кажам, сите главата доле и на работа! Треба да се запрашаме зошто ова ни се случува. Ова не е пораз, ова е дебакл. За мене дресот на репрезентација е нешто свето и ако во клубовите даваме 100, тука треба да играме со 200 посто… Жал ми е, жал ми е многу. На хартија можеби играчки имаме најсилна репрезентација, но не го даваме истото на терен“, коментираше Ристовски.

Македонија по овие два порази во неколку дена се оддалечи од врвот на табелата каде Полска е осамена со максимални 12 бода.

Share.

Leave A Reply