Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски тренира одделно во екипата на Спортинг, откако влезе во конфликт со техничкиот тим заради неговиот пристап на тренинзите, кој не му се допаднал на Рубен Аморим, тренерот на лисабонските „зелено-бели“.
Не е тајна дека Ристовски не е омилен кај стручниот штаб на Спортинг и од клубот веќе прават напори тој да биде продаден. Вчера дел од португалските медиуми објавија дека Спортинг за него ќе бара околу 3 милиони евра.