Голманот на нашата ракометна репрезентација, Борко Ристовски, пред гостувањето на Исланд во тековниот циклус квалификации за континеталниот собир во 2020 година, потенцира дека започнуваме нова ера со нов селектор кој треба да донесе позитивни моменти.
„Секој нов почеток треба да донесе позитивни работи. Значајно е да одиграме квалитетно и да покажеме дека сме на вистинскиот пат. Мислам дека треба да градиме игра која ќе биде препознатлива и со која ќе успееме да ја радуваме јавноста“ – потенцираше Ристовски.
„Треба да одиме и да се надигруваме со Исланд. Сите ние очекувамe дека ќе се наметнат младите репрезентативци и дека ќе го подолжат добриот циклус на настапи на големите меѓународни натпреварувања“ – потенцираше Ристовски.