Актуелниот освојувач на ракометниот Куп на Македонија, Вардар, во полуфиналниот меч на завршниот турнир во Битола (18-19 мај) ќе се сретне со Пелистер, додека Еурофарм Работник и Металург ќе играат во второто полуфинале.
Вака сакаше денешната ждрепка за полуфиналните двојки на завршниот турнир кој втора година по ред ќе се одржи во битолската сала „Младост“.
Финалниот турнир во женска конкуренција ќе биде организиран во Скопје (19-20 мај), а исто така во полуфиналето ќе се сретнат Вардар и Пелистер. Втората полуфинална двојка е Металург – Вардар јуниор.