РК Вардар доби најмногу, ФФМ ниту денар

0

Агенцијата за Млади и спорт им ги додели ваучерите на спортските федерации, клубовите и спортистите. Најголема сума добива актуелниот европски ракометен состав Вардар или 21,8 милиони денари.

Зад Вардар е Еурофарм Пелистер со 17,9 милиони денари додека кошаркарскиот шампион МЗТ доби 15,8 милиони денари На листата се наредени и КК Работнички и РК Металург со по 13,9 милиони додека КК Куманово и РК Пролет добија по 11,9.

Кај федерациите најмногу пари доби ракометната – 22,835 милиони пред одбојкарската – 18,688 милиони и кошаркарската -16,615 милиони. Фудбалската федерација не доби ниту еден денар.

 

Share.

Leave A Reply