Робен: „Пеп Гвардиола е најдобриот тренер со кого сум работел“

0

Поранешниот напаѓач на Баерн, Ариен Робен, истакна дека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер со кој работел.

„Гвардиола е најдобриот тренер во мојата кариера. Јас сум неговиот голем обожавател. Сакам напаѓачки фудбал, а Пеп е господар за тоа. Тој се фокусира на напад и целосна контрола на топката. Работевме со топката на секоја тренинг сесија. Секако дека ми се допадна тоа. Бевме на иста бранова должина. Жал ми е што никогаш не ја освоивме Лигата на шампионите со него. Но, повредите, елиминациите или лошите одлуки на судиите доведоа до тоа сеокгаш да завршуваме во полуфиналето. Имав 30 години кога го водеше Баерн Минхен. Никогаш не би помислил дека на оваа возраст би можел да напредувам. Научив да ја читам играта уште подобро. За мене, Пеп е најдобриот тренер на светот. Три години со него во Минхен беа крајно поучни за мене“, изјави Робен.

Share.

Leave A Reply