Роберт Левандовски избран за играч на сезоната во Баерн Минхен

0

Фановите на Баерн Минхен го избраа напаѓачот Роберт Левандовски за најдобар играч во сезоната 2019/20, соопшти прес-службата на клубот на Твитер профилот.

Полскиот напаѓач се приклучи на тимот во 2014 година од Борусија Дортмунд како слободен агент. Вкупно, тој одигра 289 натпревари за Баерн, постигна 246 погодоци и 57 асистенции.

Во сезоната 2019/2020, напаѓачот забележа историско достигнување – стана најдобар стрелец во сите натпреварувања каде што учествуваше клубот, а исто така ја освои и тројната круна. Минатата сезона, Левандовски одигра 47 натпревари, постигна 55 голови и 10 асистенции.

Актуелниот договор на Роберт Левандовски со Баерн Минхен е до 2023 година. Неговата трансферната цена се проценува на 60 милиони евра.

Share.

Leave A Reply