Родригез ќе се врати на Стариот континент

0

Рускиот кошаркарски состав, ЦСКА Москва, најде замена за Милош Теодосиќ кој се пресели во НБА лигата.

Станува збор за извонреден плејмејкер Серхио Родригез кој од САД ќе се врати во Европа. Шпанецот ја помина претходната сезона во најсилната лига на светов како член на Филаделфија со просек од 7,8 поени и 5,1 асистенција по натпревар.

Тој ја прифатил понудата за двогодишна соработка со ЦСКА за сума од 10,6 милиони долари.

Share.

Leave A Reply