Родригез од Милан се сели во ПСВ

0

Швајцарскиот дефанзивец од екипата на Милан, Рикардо Родригез, наскоро може да стане играч во ПСВ Ајндховен.

Спортскиот директор на ПСВ веќе е во Милано за да го комплетира трансферот на Родригез. Швајцарскиот дефанзивец ја одбрал опцијата за заминување во Холандија, иако имал и понуда од Фенербахче.

Милан сака да го продаде Родригез и се согласува со условите на ПСВ. Ова ќе биде закуп со задолжителен откуп за 6 милиони евра.

Share.

Leave A Reply