Ројс не замина за Италија

0

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, нема да биде дел од утрешниот меч во Лигата на фудбалските шампиони на теренот на Интер во рамките на 3 коло во групната фаза.

Напаѓачот воопшто не полетал за Милано бидејќи е болен. Тој не се чувствуваше добро и во текот на викендот, но, најде сили за да одигра против Борусија Менхенгладбах па дури и да постигне гол за победа.

Според најавите од Германија, „милионерите“ ќе бидат ослабени со неиграњето и на Пако Алкасер и Марсел Шмелцер.

 

Share.

Leave A Reply