Ролан Гарос ги засилува мерките, само 5000 гледачи на ден

0

Организаторите на Ролан Гарос одлучија драстично да го намалат бројот на гледачи кои ќе можат да присуствуваат на турнирот, додека еден турнир во Русија е целосно откажан.

Француските организатори веќе некое време најавуваат играње пред публика, но има се помалку шанси тоа и да се оствари во целост. Според „Л’Екип“, наместо најавените 11.500 луѓе на ден, на „Ролан Гарос“, ќе има најмногу 5000 или 45 проценти помалку.

Исто така, наместо гледачите да бидат распределени на трите најважни стадиони секој ден, споменатите 5000 ќе можат да влезат само на главниот, Филип-Шатрие.

Причината за ваквиот потег е растот на бројот на заболени од коронавирус во Франција, односно воведувањето на поригорозни мерки од страна на Владата на таа земја. Од истите причини, Русите го откажаа Кремлин Купот.

Share.

Leave A Reply