Ролан Гарос одложен за една недела

0

Тенискиот турнир Ролан Гарос ќе биде одложен за една недела, објави весникот „Л’Екип“. Турнирот во Париз ќе се одржи од 30 мај до 13 јуни, наместо во претходниот термин од 23.05 до 06.06.

Ова значи дека ќе има пауза од две недели помеѓу Ролан Гарос и Вимблдон. Сепак, оваа промена на терминот не е поврзана со влошување на епидемиолошката состојба и заострување на мерките против ширење на вирусот, туку напротив. Според весникот, одложувањето се должи на фактот дека до јуни во Франција е можно да се отстранат ограничувањата поврзани со ковид-19.

Со промена на датумите на турнирот за подоцна, организаторите планираат да го зголемат профитот. Поради одложувањето, турнирите на трева во Штутгарт, Хертогенбош и Нотингем, кои треба да започнат на 7 јуни, може да бидат откажани. Во овој случај, Француската тениска федерација ќе ги обештети нивните организатори.

Share.

Leave A Reply