„Роланд Гарос“ ќе има поголем награден фонд

0

Наградниот фонд на тенискиот турнир „Роланд Гарос“ ќе биде зголемен за 100.000 евра што значи дека победниците во двете конкуренции (мажи и жени) ќе заработат вкупно по 2,2 милиони евра.

Иако Директорот на собирот во Париз,  Ги Форже, потврди дека и вкупниот награден фонд ќе порасне од 36 на 39,2 милиони евра , Отвореното првенство на Франција останува најсиромашен Грен слем, бидејќи Австралија Опен на победниците им доделува 2,5 милиони евра, Вимблдон 2,2 милиони евра, а САД Опен рекордни 3,7 милиони евра.

Тенискиот турнир Ролан Гарос ќе започне на 21 мај а титулите ќе ги бранат: Рафаел Надал и Јелена Остапенко.

Share.

Leave A Reply