Роланд Гарос сепак ќе се игра пред публика

0

Информациите кои доаѓаат од Париз велат дека Роланд Гарос сепак ќе се игра со публика. Продажбата на билетите за Ролан Гарос 2020 ќе биде отворена на 16 јули, соопшти прес-службата на турнирот преку Твитер .

„Француската тениска федерација (FFT) ќе продолжи да се прилагодува на ситуацијата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Подготвен е протокол за да се заштити публиката за време на овој историски момент на Ролан Гарос“, се вели во информацијата.

Отвореното првенство на Франција е закажано од 27 септември до 11 октомври. Првично, турнирот требаше да се одржи од 25 мај до 7 јуни.

Поради пандемијата на коронавирус, меѓународните тениски турнири беа суспендирани. АТП и ВТА турнирите ќе продолжат на почетокот на август. По продолжувањето на сезоната, за кратко време се планира одржување на три Мастерс турнири, како и УС Опен.

Share.

Leave A Reply