Напаѓачот на Реал Мадрид, Борха Мајорал може да ја помине следната сезона во Рома, пренесува „Кориере дело Спорт“.
На 23-годишниот Шпанец се гледа како на алтернатива на sвездата на Рома, Един Џеко, кој може да го напушти клубот. Италијанскиот клуб ќе мора да плати 3 милиони евра за едногодишна позајмица. Сезоната 2019/20, Мајорал ја помина во Леванте, каде на 36 натпревари постигна 9 гола и 2 асистенции.
Италијанските медиуми објавија дека Мајорал дал согласност и кажал „Да“ за трансефр во Рома, но сега останува самите клубови да се договорат околу позајмицата.