Рома го комплетираше трансферот на голманот Лопез

0

Рома го финализираше трансферот на голманот Бетис Пау Лопез. Голманот потпиша петгодишен договор со „римската волчица“ и ќе го носи дресот со број 13.

За овој трансфер Рома ќе плати 23,5 милиони евра, со бонуси може да се зголеми износот до 28 милиони евра.

На крајот, пропадна опцијата како дел од договорот да биде отстапување на правата кои ги има Рома од 50% за Антонио Санабрија. Рома сакаше да му ги даде правата над овој фудбалер кој во моментов настапува за Џенова на тимот на Бетис, но тоа не беше прифатено од шпанскиот клуб.

Share.

Leave A Reply