Рома и Арсенал се договорија, Хенрих Мхитарјан уште една година на „Олимпико“

0

Навивачите на Рома добија добра вести од раководството на клубот, кое се пофалија дека постигнале договор со Арсенал за продолжување на позајмицата на Хенрих Мхитарјан.

Ерменецот ќе остане на „Олимпико“ не само до крајот на сезоната, туку и во текот на следната сезона.

„Презадоволен сум. Има работи што сè уште не сум ги постигнал овде. Драго ми е што мојот престој ќе продолжи“, изјави ерменскиот играч од средниот ред на официјалната веб-страница на Рома.

Мхитарјан беше привлечен минатото лето и имаше добар настап во составот на Пауло Фонсека. Од почетокот на сезоната тој има 6 гола и 3 асистенции во Серија А.

Арсенал сакаше да го продаде 31-годишниот играч од средниот ред, но на крајот двата клуба се согласија да ја продолжат позајмицата и ова се смета за голем успех на извршниот директор на Рома, Гуидо Фиенга.

Share.

Leave A Reply