Рома и Порто во нова пресметка од Лигата на шамионите

0

Вечерва во 21:00 часот Рома го пречекува Порто во првиот натпревар помеѓу двата тима од 1/8-финалната фаза на Лигата на шампионите. На прв поглед нема изразит фаворит во овој двомеч и за тим кој сигурно оди понатаму, впрочем секој од противниците има своите амбиции.

Гостите се заканија дека повторно ќе и го земат скалпот на „волчицата“, како што се случи во претходните два натпревари меѓу овие две екипи по кои Порто беше поуспешен.Единствениот двомеч меѓу Рома и Порто беше во 2016 година и тоа во плеј-офот за пласман во ЛШ кога Порто одигра 1:1 на домашен терен, но победи во Рим со 3:0 и со тоа се пласираше во групната фаза од ова натпреварување.

Рома нема особено добра сезона во Серија „А”. Избраниците на Еузебио ди Франческо се наоѓаат само на 6-то место на табелата, што е прилично далеку од амбициите на клубот. Од друга страна, сепак Римјаните не се за потценување, бидејќи сите се сеќаваме што направија минатата сезона во Лигата на Шампионите, каде што стигнаа до 1/2-финалето и со малку повеќе среќа можеа да играат и мечот за трофејот.

Порто сепак ја има самодовербата на двократен шампион во ЛШ. Тие се непредвидлив тим кој секогаш може да направи сензација. И оваа сезона тие се претстават солидно на домашната сцена и водат на табелата во Португалската лига, па сега може спокојно да се посвети поголемо внимание на дуелите во Лигата на Шампионите. Покрај тоа, тие се еден од петте тимови без пораз во ова натпреварување досега.

Во составот на домаќините ќе недостасува напаѓачот Патрик Шик, кој е со повреда на колкот и отпаѓа од комбинација за денешниот дуел. Тој се приклучи на трајно повредените Диего Пероти и Џенгис Ундер. Во исто време дефанзивецот Костас Манолас веќе е подготвен и се очекува да може да игра. Освен тоа лекарскиот тим ја следи ситуацијата на голманот Робин Олсен, а одлуката дали ќе се појави на голот на Рома ќе биде донесена во последен момент.

Во составот на Порто проблемите се во нападот, каде поради повреди отпаднаа двајцата главни голгетери на тимот Венсан Абубакар и Муса Марега. Тренерот Серџо Консисао нема да може да го користи и казнетиот полудефанзивец Хесус Мануел.

Можни состави за мечот Рома – Порто:

Рома: Миранте, Карсдорп, Меркано, Жезус, Коларов, Џаниоло, Нзонзи, Кристанте, Ел Шарави, Џеко, Клајверт

Портo: Касиљас, Милитао, Фелипе, Пепе, Тејес, Переира, Торес, Ерера, Отавио, Брахими, Соарес

Стадион: „Олимпико”, Рим
Судија: Дани Макели (Холандија)

Share.

Leave A Reply