Шведскиот голман, Робин Олсен, од екипата на Копенхаген, ќе биде замена за Алисон на голот на Рома. Спортскиот директор на „волчицата”, Мончи, се согласил да му исплати на данскиот тим 11,5 милиони евра иако првичните побарувања беа 16 милиони.
28-годишниот голман уште денеска ќе пристигне во Рим за да ги направи задолжителните медицински прегледи и потоа да потпише со Рома. Швеѓанецот имаше блескави партии во дресот на „викинзите“ на СП 2018 во Русија кога неговата селекција влезе во 1/4 финалето.
Олсен има одиграно 23 натпревари за шведскиот национален тим како и 99-ет за Копенхаген. Тој во 2016 година го напушти грчкиот ПАОК за да се пресели во Скандинавија.