Рома влезе во преговори со Конте

0

Познатиот италијански фудбалски стратег, Антонио Конте, најверојатно од јуни ќе седне на кормилото на италијанска Рома. Според авторитетниот весник „Ла Република“, првите луѓе на Рома веќе се во преговори со стратегот, кој последен пат работеше на кормилото на Челзи.

Во март, Рома го заврши договорот со Еузебио Ди Франческо и на негово место беше доведен Клаудио Раниери, кој има потпишан договор само до крајот на сезоната. Управата веројатно не размислува да ја продолжи соработката со него, па затоа веќе стапи во контакт со Конте, кој се споменува во многу други варијанти за тренер на елитните европски тимови.

Претходно, Конте ги тренираше Арецо, Бари, Аталанта, Сиена, Јувентус и италијанската репрезентација.

Share.

Leave A Reply