Селекторот на репрезентацијата на Романија, Козмин Контра, си поднесе оставка, откако тимот не успеа да се квалификува на Европското првенство во 2020 година.
Во овие квалификации репрезентацијата на Романија заврши на четвртото место во групата.
„Ја напуштам репрезентацијата. Сакам да им се извинам на навивачите што не успеав да направам повеќе. Мислам дека заслужуваме поголема почит. Одлуката за заминување ја донесов пред натпреварот со Шпанија (0:5). Не можам да прифатам кога тимот не се бори. Но, главниот виновник е тренерот. Не можев да ги натерам играчите да направат повеќе“, рече Козмин Контра.