Романски тенисер доживотно суспендиран поради местење

0

Романскиот тенисер Александру-Даниел Карпен доби доживотна суспензија од тениските терени, откако се покажаа како точни обвинувањата дека учествувал во местење на тениски средби.

Истраата на Единицата за тениски интегритет, утврди дека романскиот тенисер во 2013 година се обидел дури и да поткупи друг тенисер во обидот да наместат еден меч со точен резултат по сетови. Има шпекулации и за неколку други, сепак, непотврдени информации дека Карпен учествувал во договорени средби.

30-годишниот тенисер се изјасни за виновен, по што само се очекуваше конечната пресуда. Последниот меч кој тој го има одиграно е од август 2015 година.

Share.

Leave A Reply