„Романтичарите“, Пелистерци и Шкендија ги дознаа противниците за ЛЕ

0

Фудбалерите на Работнички добија лесен противник во првото елиминациско коло во Лигата на Европа. Тие ќе одат на мегдан со Тре Пене од Сан Марино. Нашиот тим ќе биде домаќин на првиот натпревар на 29 јуни а реваншот ќе се одигра на 6 јули.

Шкендија на стартот на новата сезона во меѓународната конкуренција ја очекува двомеч со Дачиа од Молдавија. Тетовци на првиот меч ќе бидат гости.

Третиот наш преставник во квалификациите за Лигата на Европа, Пелистер, ќе има тешка задача против Лех Позњан кој доаѓа од Полска. Битолчани првиот дуел ќе го одиграат на теренот на противникот

Share.

Leave A Reply