Бразилската фудбалска ѕвезда Роналдињо преку својот адвокатот платил кауција во висина од 1,6 милиони евра и заедно со неговиот брат излегле од затворот во Асунсион, Парагвај.
Изминатите 32 дена Бразилците беа зад решетки поради користење лажни документи при влез во оваа земја. Тие се обвинети и за сомнеж за перење на пари, откако биле поканети да бидат дел од хуманитарен меч со деца од страна на еден сопственик на казино.
И покрај тоа што најнапред беше решено тој да се брани од затвор, сепак обвинителството ја прифати кауцијата и го смести во хотел во центарот на градот. Тој ќе биде по надзор 24 часа, со цел да се спречи негово бегство во Бразил. Роналдињо и неговиот брат беа уапесени на 6 март, не знаејќи дека направиле криминално дело. Во затворот двајцата беа прифатени одлично, со оглед на популарноста на Роналдињо.
Сега Роналдињо ќе ја чека судската постапка од слобода, но со ограничена можност за движење.