Роналдо денес ќе прави нов тест, последна шанса за да игра против Барселона

0

Кристијано Роналдо и понатаму се надева дека ќе може да настапи против Барселона во Лигата на шампионите. Меѓутоа за да се случи тоа ќе мора да има негативен тест на коронавирус во текот на денешниот ден.

Денес ѕвездата на Јувентус ќе дознае дали ќе добие дозвола или не за настап на оваа средба. Ќе направи тест и ако тој има негативен резултат, Португалецот ќе се појави на теренот каде ќе може да игра против големиот ривал Лионел Меси.

Поради вирусот, Роналдо пропушти три натпревари. Тој не беше дел од дуелите со Кротоне и Верона во Серија А, но и оној со Динамо Киев во Лигата на шампионите. Одредени блиски извори, тврдат дека португалскиот ас немал никакви симптоми на ковид-19 и без проблем одржувал редовни тренинзи, со цел да биде максимално подготвен за натпреварите кога ќе се врати на терен.

Тренерот Андреа Пирло ја подготвува екипата без него, но ќе направи промена на тактиката доколку Роналдо биде во можност да настапи на дуелот со Барселона.

Share.

Leave A Reply