Роналдо ќе атакува на нов рекорд

0

Денешниот натпревар на Јувентус против Локомотив Москва во Лигата на шампионите може да донесе нов рекорд за Кристијано Роналдо.

Имено, Португалецот доколку успее да погоди во мрежата на Русите, ќе биде првиот фудбалер кој успеал да им даде голови на повеќе од 33 екипи со кои се сретнал во елитната конкуренција на Стариот континент. Напаѓачот на „Бјанконерите“ во моментов ја дели првата позиција со Раул Гонзалез, бидејќи двајцата успеале да им дадат голови на 33 екипи.

Ќе потсетиме дека Роналдо го држи рекордот за најмногу постигнати голови – 130, во Лигата на шампионите. 64-ри од нив се реализирани во фазата на елиминации.

 

Share.

Leave A Reply