Денеска во седиштето на УЕФА беа формирани двојките за завршницата на Лигата на фудбалските шампиони која ќе биде одиграна гледано од 1 /4 финалата фаза само на стадионите во Лисабон во Португалија.
Во тој сегмент, победникот од дуелот Манчестер Сити-Реал Мадрид прв меч 2-1 за англичаните ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Јувентус и Олимпик Лион, во првиот дуел французите победија дома со 1:0. Тоа е првата 1 /4 финална двојка. Во втората германскиот РБ Лајпциг ќе игра со Атлетико Мадрид. Во третата победникот од мечот Наполи/Барселона (прв меч 1:1) ќе излезе на мегдан против Баерн Минхен/Челзи (3-0). Во последниот дуел од 1 / 4 финалето Аталанта ќе оди на мегдан со ПСЖ.
Во полу-финалето ќе играат победниците од првата и третата четврфинална двојка и победниците од втората и четвртата. Од четврт-финалето па натаму ќе се игра само на терените во Лисабон а финалето е на 23 август. Нема да има гледачи на трибините. Еве ги предвидените датуми: 1/8 финале, реванши 7-8 август, 1/4 финале – 12-15 август, полуфинале – 18-19 август и Финале – 23 август.