Мега ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо се доближи до рекордот на Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ.
Португалецот погоди двапати во победата од 3:0 над Кротоне во натпревар од 23-то коло во Серија А. Така, екипата на Кротоне стана 78-от клуб во топ 5 шампионатите во Европа против кого Кристијано Роналдо постигнал гол.
Златан Ибрахимовиќ е сега на само еден клуб повеќе од Роналдо затоа што од 2000 година, има постигнувано го на 79 различни тимови. Во Серија А, Роналдо веќе постигна гол против сите ривали на Јувентус – 18.