Роналдо нема повеќе проблеми со шпанската држава

0

Фудбалската ѕвезда од Португалија, Кристијано Роналдо, го плати данокот во Шпанија од 13,5 милиони евра и сосема слободен ќе си замине во Италија во тимот на Јувентус.

Роналдо кој додека ги бранеше боите на Реал Мадрид,  доби условна затворска казна на две години поради затајување на данок, се согласи да го подмири обврските за да може без проблеми да ја продолжи фудбалската кариера.

Процесот околу затајување на данокот се однесуваше на периодот од 2011 година до 2014 година.

Share.

Leave A Reply