Роналдо : ништо не е завршено

0

Кристијано Роналдо кој со вчерашните голови против ПСЖ во првиот меч од 1/8 финалната фаза во Лигата на шампионите стана првиот играч кој во еден тим реализирал 100 гола во фудбалската елита, вели дека ништо не е решено.

„Имаме предност во пресрет на реваншот, но, не смееме да се опуштиме и да мислиме дека ја завршивме работата. Многу сум среќен кога ќе постигнам голови“ – порачал Кристијано веднаш по крајот на средбата.

„Навивачите беа импресивни. Секогаш мора да биде така посебно во Лигата на шампионите. Сакаме да играме пред таква публика“ изјавил Роналдо откако неговиот тим победи со 3 спрема 1.

 

 

Share.

Leave A Reply