Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо му помогна на тимот да го освои Суперкупот на Италија. Во овој натпревар Јувентус го совлада Наполи (2:0), а Португалецот постигна еден од головите. За Кристијано Роналдо, овој трофеј беше 33-ти во кариерата.
Според овој индикатор, тој се израмни со поранешниот играч за врска на Барселона, Чави Хернандез. Тие се изедначија на деветтото место. Напаѓачот на каталонскиот клуб Лионел Меси е на четвртото место, а најтрофеен убедливо е Дани Алвеш кој има 42 освоени трофеи со клубовите каде што настапувал.
Топ 10 најтрофејни фудбалери:
1. Дани Алвеш – 42 трофеи
2-3. Андрес Иниеста, Максвел – 37
4-5. Лионел Меси, Рајан Гигс – 36
Кени Далглиш – 35
7-8. Жерар Пике, Витор Баија – 34
9-10. Кристијано Роналдо, Чави Хернандез – 33