Роналдо за Пирло: Сега сме посреќни и работиме со насмевка

0

Кристијано Роналдо со двата гола синоќа му обезбеди на шампионот Јувентус реми на гостувањето кај Рома. Во дербито на колото, Јуве не успеа да ја обезбеди и втората сезонска победа, но Португалецот вели дека ова е само почеток на сезоната и ништо не е страшно.

„Ние сме само на почетокот на шампионатот, имаме нов тренер, но тимот е многу активен и добро се снаоѓаме. Екипата има позитивна иднина, иако Серија А ќе биде многу посилна од порано и ќе биде потешко да се освои титулата”, изјави Роналдо.

„Рано е да се каже нешто, но тимот е многу посреќен и работиме со насмевка. Тоа е многу важно”, дополни Роналдо за работата на Пирло, кој го замени Сари на кормилото на „Старата дама“.

Share.

Leave A Reply