Рос Браун: Доминацијата на три тима ја убива Ф1

0

Во изминатите две години само две екипи успеаја да се качат на подиумот во Формула 1 шампионатот со исклучок на Мерцедес, Ферари и Ред Бул. Техничкиот директор на Формула 1, Рос Браун, вели дека спортот не може да продолжи така.

Во последните две сезони, во вкупно 41 трка или 123 можни места на подиумот, само двапати се случи пилот кој не вози за трите големи конкуренти за титулата да се искачи на некое од првите три места.

Браун тврди дека раководството на Ф1 бара начини за зголемување на конкурентноста, бидејќи поделбата на само два големи ривали не треба да продолжи.

“Од вкупно 123 места на подиумот, навистина е неприфатливо само три тима да имаат свое место таму. Тоа води до растечка техничка и финансиска поделба. Со овој проблем се занимаваме заедно со ФИА и тимовите, бидејќи од неговото решавање зависи иднината на Ф1. Разговараме за различни решенија и сите треба да се обединиме дека работите не може да продолжат вака“, вели Браун.

Share.

Leave A Reply