Роси : моторот ги нема потребните перформанси

0

Легендарниот италијански возач, Валентино Роси, не е премногу задоволен од напредокот на неговата екипа „Јамаха“ во однос на изминатата сезона. „Докторот“ се пожали дека неговиот мотор има слабо забрзување. Проблемот бил посебно истакнат при возењето со истрошени гуми.

„Сезонава сме на исто ниво, добра е шасијата, моторот подобро оди од минатата сезона, но, мора многу да работиме на електрониката, затоа што се мачиме со забрзувањето. Тешко е со потрошени пневматици при влегувањето во свиоците“ вели Роси.

„Изгледа дека другите произведувачи се подобри од нас во тој сегмент- изјавил Роси. Новата сезона во Мото ГП започнува во Катар на 18. март а титулата ќе ја брани Марк Маркез.

 

Share.

Leave A Reply