Деветкратниот шампион во Мото Гран при серијата, Валентино Роси, очекува да остане меѓу првите четири на табелата иако на осум круга до крајот на сезоната го има второто место кај возачите.
Во моментов, лидерот Марк Маркез, направи солидни 59 поении предност во однос на полуларниот „доктор“ кој, пак, има 12 поени плус во однос на Хорхе Лоренцо и 13-ет повеќе од Андреа Довициозо.
„Реално гледано, мислам дека и двајцата пилоти на „Ducati„ може да бидат подобри од мене бидејќи се многу блиску на табелата и се многу брзи. Ќе биде пријатно да се борам за подиумот иако знам дека не сум доволно брз. Се надевам дека на претстојните трки со повеќе свиоци ќе бидеме многу поблиску до целта ” – изјави Роси.