„Росонерите“ сакаат да ја засилат одбраната

0

Фудбалскиот состав на Милан не крие дека е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона, Жан-Клер Тодибо, пренесува италијанската – „Газета дело Спорт“.

Наводно, директорот на „росонерите“, Паоло Малдини, има  постојан контакт со неговиот колега од каталонскиот тим Ерик Абидал во врска со евентуалниот трансфер на дефанзивецот. Бидејќи откупната клаузула на црномурестиот играч изнесува големи 150 милиони евра, Милан сака прво да го изнајми за 10 милиони евра со можност да го откупи неговиот договор доколку ги исполни очекувањата на тренерот.

19-годишниот Французин кој во јануари го напушти Тулуз и се активираше на „Камп Ноу“, досега одигра пет натпревари.

 

Share.

Leave A Reply