Роуч го отпиша Мекгрегор пред мечот со Флојд

0

Американскиот тренер, Фреди Роуч, потенцирал дека Конор Мекгрегор (Ирл) нема што да бара во мечот со Флојд Мејведер (САД). Големиот спектакл ќе се одржи на 26 август во САД во Лас Вегас.

„Реално, тоа е ММА против бокс. Во таков свет живееме и тој меч се претвора во некоја голема драма. Луѓето зборуваат дека е тоа смешно“ изјави Роуч.

„Мекгрегор не е боксер и ќе му биде исклучително тешко да стигне до Мејведер а да не зборуваме да му нанесе некаков удар. Големо прашање е како ќе му се одразат на Флојд двете години што ги помина надвор од рингот. Мејведер во ниту еден случај нема да го потцени Конор” вели Роуч.

Share.

Leave A Reply