Розберг кажа збогум на Формула 1 !!??

0

Нико Розберг само четири денови откако на патеката во Абу даби ја освои тутулата во Формула 1, објави, дека ќе ја заврши кариерата на изненадување на спортската јавност и пред се на неговите фанови.

31-годишниот пилот успеа во последната годинешна трка да ја добие битката со клупскиот колега од Мерцедес, Луис Хамилтон и да заврши пред него со само 5. поени предност.

„Се искачив на планината, сега сум на врвот и чувствувам дека ја донесов вистинската одлука“, напишал Розберг на социјалната мрежа – Фејсбук. Синот на светскиот шампион од 1982 година, Кеке Розберг, успеа да победи во девет сезонски трки и по две години доминација на Хамилтон конечно да го симне Британецот од првото место.

Share.

Leave A Reply