Возачот во Формула 1, Нико Розберг, кој единствен успеа да го победи Луис Хамилтон по неговото доаѓање во Мерцедес, вели дека младата ѕвезда на Ред Бул, Макс Верстапен, може да го направи истото доколку сезоната биде скратена.
„Ако има помалку трки, тогаш се зголемуваат шансите да се појави нов шампион. Во таков случај и среќата ќе игра значајна улога“ – вели Розберг.
„Мислам дека Ред Бул и Макс Верстапен може да се борат за титулата со Хамилтон и Мерцедес. Нивните шанси се одлични“ – рече Розберг.