Розберг: Верстапен е најбрз возач во Ф1

0

Шампионот во Формула 1 од 2016, денеска пензионираниот пилот Нико Розберг, вели дека Макс Верстапен од тимот на Ред Бул е моментно најбрзиот возач во Ф1 шампионатот.

Верстапен во сезоната 2019-та за првпат во својата кариера го завзема третото место во генералниот пласман зад Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

„Верстапен е феноменален. Секогаш е задоволство да го гледам. Трките без него не се интересни. Тој е еден од најголемите таленти и веројатно најбрзиот пилот во Ф1“, тврди Розберг.

Според Германецот, ако Ред Бул оваа сезона го подобрил болидот на потребното ниво, Верстапен може да се обиде да се бори и за титулата.

Share.

Leave A Reply