Розберг за малку ќе останел без пехарот од Формула 1

0

Светскиот шампион во Формула 1, Нико Розбер, изјави дека пред Фестивалот на брзината во Гудуд, дознал дека го нема победничкиот пехар кој го освои во изминатата сезона во конкуренција кај возачите.

Нико со неговиот состав, Мерцедес, беше дел од фестивалот со намера да направи демонстрација со еден од автомобилите на тимот. Пехарот требаше да му биде испратен неколку дена порано.

„Го спративме трофејот за Гудуд со исклучително засилено обезбедување. И се изгуби. Исчезна некаде пет дена. Имав неколку непроспиени ноќи, но, потоа се пронајде и сега е на безбедно место”, раскажа Розберг.

Share.

Leave A Reply