РТВ Велес победи на Турнирот на медиумите во мал фудбал

0

Екипата на РТВ Велес го осовои годинешниот турнир во мал фудбал на медиумите во организацијата на Спортското радио 90.3 фм. Во финалето, велешани беа подобри од Спортското радио 90.3 фм со 5:3.

Во финалниот ден на турнирот беа одиграни и многу други финални натпревари. Во финалето на компаниите, Астра со 5.4 го победи Рамстор, додека во финалето на петлињата, Кул со 1:0 беше подобар од Вардар, Во дуелот на Основните училишта, Љубен Лапе го освои првото место победувајќи ги со 5:3 Браќа Миладиновци. Во текот на последниот ден беа одиграни и неколку интересни мечеви, во кои најмногу внимание предизвикаа дуелот на Легендите на Скопје и Битола, како и мечот на Новинарките и пејачките.

Share.

Leave A Reply