Руди Гарсија: „Не жалам што не постигнавме повеќе голови“

0

Предводникот на Олимпик Лион, Руди Гарсија е целосно задоволен од минималната победа со 1:0 над Јувентус во првиот натпревар помеѓу двете екипи во 1/8 финалето на Лигата на шампионите.

Тој не жали што неговиот тим нема постигнато повеќе голови, велејќи дека е оптимист за реваншот и за пласман во следната фаза.

„Не жалам што не постигнавме повеќе голови. Свесен сум дека одигравме силно прво полувреме, постигнавме гол и задржавме сува мрежа на свој терен. Нормално беше да не притиснат во второто полувреме, особено откако влегоа во игра Игуаин и Бернардески. Се боревме напорно за да ја задржиме победата и сега имаме предност од 1:0. Точно е дека во првите десет минути започнавме побавно, но потоа успеавме да ја скршиме одбраната на противникот и да му предизвикаме многу проблеми. Направивме неколку опасни нафрлувања во шеснаесетникот. Се надевавме дека нема да паднеме во вториот дел, но ова е нормално против толку силен ривал. Во моментов сме во битка з апласман понатаму. Се надевам дека ќе постигнеме гол во Торино и ќе продолжам во следната фаза од ЛШ“, изјави Гарсија.

Share.

Leave A Reply