Челниците на фудбалскиот состав Тотенхем сакаат да го привлечат централниот дефанзивец на Челзи, Антонио Рудигер, кој ги пропушти првите три меча за „сините“ бидејќи инсистира да си замине до крајот на преодниот рок.
Се претпоставува дека тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе му ја исполни желбата и ќе му дозволи да си замине под услов тоа да не биде конкурентски клуб од Премиер лигата.
Рудигер сака да оди некаде и редовно да игра за да може да конкурира за репрезентативниот дрес на Германија и да настапи догодина на Европското првенство.