Руни се мисли дали да остане во Евертон

0

Вејн Руни би можел да се премисли за неговата намера да го напушти Евертон и да заигра во САД. Причина е вчерашниот отказ кој го доби Сем Алердајс.

Неодамна, имаше најави дека напаѓачот веќе се согласил да се пресели во САД за трансфер вреден 12 милиони фунти, додека тој самиот ќе добие 300.000 фунти неделна плата. Сепак, одлуката на менаџментот да ја прекине соработката со популарниот „Биг Сем“, веројатно ќе го натера Руни да се премисли и да остане на домашен терен.

Ако новиот тренер на тимот го увери Руни дека има намера да се потпре на неговите настапи следната сезона, ветеранот би можел да остане уште една сезона во домашното првенство.

Share.

Leave A Reply