Русија без Швед за дуелот со Македонија

0

Тројца играчи од првичниот список на селекцијата на Русија, двајца од Химки и еден од Зенит, клубови кои се дел од Евролигата, нема да му бидат на располагање на селекторот Сергеј Базаревич за двата квалификациски натпревари во февруарскиот циклус на ФИБА, објавија од Руската кошаркарска федерација.

Најголемиот удар за Базаревич дефинитивно ќе претставува неиграњето на најдобриот руски кошаркар во овој момент – Алексеј Швед.

Швед и Вјачеслав Зајцев, исто како и Дмитриј Кхвостов, се носителите на играта на Химки, односно Зенит, два клуба кои во тој пеирод (од 20. до 23. февруари) имаат обврски кон Евролигата.

Со одлука на стручниот тим, дојде до измени во списокот на кој се додадени уште тројца нови кошаркари. Како замена за оваа „тројка“ доаѓаат тројца играчи на Нижњи Новгород. Бекот Иван Стребков, и крилата Павел Антипов и Антон Астапкович.

Интересно е дека на списокот на Базаревич, барем засега, остануваат имињата на играчите кои доаѓаат од редовите на московска ЦСКА, третиот евролигашки клуб од Русија.

Share.

Leave A Reply