Русија ќе биде домакин на СП во хокеј во 2023 година

0

На годишниот конгрес на Меѓународната федерација за хокеј на мраз (IIHF) беше потврдена одлуката Русија да биде домаќин на Светското првенство за мажи во 2023 година.

Оваа одлука првично била донесена во септември минатата година кога IIHF ја донесе претходната одлука да го даде шампионатот во 2023 година на Русија, оној во 2024 година на Чешка, а следниот по него на Шведска, а овие одлуки беа потврдени официјално. Интересно во случајот е дека во 2023 година првенството ќе се одржи во целост на територијата на Санкт Петербург, а за оваа намена ќе бидат искористени  22 илјадниот спортски комплекс во Санкт Петерсбург и 12-илјадниот Зимски дворец.

Русија беше домаќин на Светскиот шампионат во хокеј за последен пат во 2016 година, кога првенството се одржа во Москва и Санкт Петербург.

Share.

Leave A Reply